За подобрување на интеракција со паметните телефони досега имаме видено повеќе работи. Тука секако се гестикулациите кои се користат преку екранот на допир, асистентите со вештачка интелигенција кои функционираат преку говорни команди, а можевме да видиме и интеракција која зависи од степенот на притискање, како на екранот, така и на страните на телефонот.

Марк Тејсиер од Telecom Paris, заедно со негови соработници, предлагаат и развиваат начин на интеракција со паметните уреди кој сигурно не би ви текнал самите, а прашање е дали сите би сакале да го користат.

Тие развиваат еден вид на обвивка која може да се стави на повеќе уреди, која е замислена да ја имитира човековата кожа. Тоа е така затоа што тие сметаат дека тоа би овозможило најмногу природна интеракција, иако верзијата која буквално изгледа како кожа, не сме сигурни дека повеќето корисници би сакале да ја имаат на својот телефон.

Повеќето примени на оваа технологија не се уште презентирани, а сигурно може да бидат повеќе. Фактот што се оди со имитација на кожа, интеракцијата која е замислена е слична со таа која луѓето ја имаат, како на пример, нежно поминување со раката, посилно притискање, скокоткање, штипкање и слично.

Покрај како футрола за паметните телефони, технологијата се замислува да се стави и врз глувчето кај компјутерите, ременчето кај памените часовници и слично.

Во продолжение е видеото од креаторите на оваа идеја, па најдобро ќе можете да видите за што се работи, а деталното објаснување како функционира оваа технологија можете да прочитате на нивната страна тука.

ИЗВОРDigital Trends
ИЗВОР 2New Scientist
Претходна статијаQantas го направи првиот во светот лет кој траеше повеќе од 19 часа
Следна статијаКако Netflix ја мери популарноста на своите филмови и серии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.