Австралиската авиокомпанија Qantas изминатиот викенд го направи досега најдолгиот лет кој некогаш бил направен, со директен лет од Њујорк до Сиднеј. Летот траел цели 19 часа и 16 минути, време кое е тешко да се замисли да се издржи.

Долгиот лет бил направен како тест, односно компанијата уште нема дозвола да редовно лета на оваа линија или слични. Од Qantas се во план да до 2023 година почнат да ги остаруваат овие летови комерцијално.

Поради должината на летот, авионот Boeing 787-9 кој стандардно може да пренесе скоро 300 патници и товар, сега бил „натоварен“ само со 49 патници и екипаж. Причината за тоа е секако горивото кое за лет кој траел повеќе од 19 часа, не би можел да се направи со целосното искористување на капацитетот на авионот за патници.

Сепак, главниот предизвик за еден волку долг лет не е горивото во авионот, туку способноста да истиот се издржи од страна на пилотите, останатиот екипаж, па и патниците. За таа цел од Qantas имаат правено посебни тестови за време на летот, од следење на мозочните бранови на пилотите, до давање на вежби на патниците.

За да се намали познатиот ефект од менувањето на временските зони, наречен „jetlag“, Qantas примениле нов систем кој го имаат развиено во соработка со научници.

Светлото во авионот било прилагодено според тоа како е во Сиднеј, односно на дестинацијата до која се лета. Тоа значи дека иако полетувањето било навечер во Њујорк, првите 6 часа биле со вклучено светло во кабината, а бил служен и ручек, наместо вечера.

Ваквите летови сигурно ќе бидат поскапи и поретки, па ќе се користат само од страна на тие кои би можеле да ги издржат без проблем и кои би сакале да го намалат времето на патување, поради тргањето на потребата да се застане и смени авион на одреден аеродром по пат.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаFleet management – како најдобро да го организирате службениот возен парк
Следна статијаВештачка кожа како начин на интеракција со паметните уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.