Неофицијално најавениот сервис со претплата од Google минатиот месец, сега е официјално претставен и достапен за почеток на корисниците од САД, а се најавува и достапност во други земји наскоро.

Google Play Pass е името на сервисот и со месечна претплата од 4,99 долари, корисниците добиваат пристап до игри и апликации од Play Store без потреба од плаќање посебно за истите, плаќање за дополнителните работи во самите апликации, како и за тргање на рекламите во нив.

Бројката на игри и апликации, кои ќе добијат посебен дел во Play Store за полесно пронаоѓање, моментално е поголема од 350, но од Google најавуваат дека месечно ќе се додаваат нови игри и апликации.

Корисниците кои ќе бидат претплатени на Play Pass ќе можат да ги користат платените игри и апликации, како и работите во нив кои се плаќаат со автоматско отклучување на истите. Достапните игри и апликации се такви од Stardew Valley до AccuWeather, како што истакнуваат од Google, па може да се очекува добар избор за корисниците.

Google Play Pass е замислен како конкуренција и одговор на Apple Arcade кој исто така стана достапен од овој месец. Предноста на Play Pass е што тој не е ограничен само на игри за разлика од тој на Apple.

Со месечната претплата корисниците ќе можат да ги вклучат и своите членови на семејството, без дополнително плаќање и сите да ги користат достапните можности.

Со дополнувањето на достапните игри и апликации кои имаат поддршка за Play Pass, овој сервис верувам дека во иднина ќе стане главниот начин на којшто повеќето корисници ќе ги користат апликациите на мобилните уреди. Тие веќе нема да мора да ги гледаат рекламите, да доплаќаат за да можат да играат одредено ниво на некоја игра и слично.

Уште една предност на Google Play Pass е што тие нема да имаат ексклузивни игри и апликации, односно сите што се достапни се достапни и стандардно на Play Store за корисниците кои немаат месечна претплата. Овие игри и апликации ќе бидат означени со посебна „сликичка“, а ќе може само тие да се гледаат преку посебен дел во Play Store.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2Android Central
Претходна статијаXiaomi Mi Mix Alpha повторно ги менува стандардите на пазарот со „surround“ екран околу целиот уред
Следна статијаВикендов Скопје звучеше како светска метропола со Telekom Electronic Beats Picnic
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.