Android Police

Apple се очекува да го пушти својот сервис за игри со претплата Apple Arcade оваа есен, со официјалното пуштање на новата верзија од iOS, како и претставувањето на новите iPhone телефони.

Во меѓувреме изгледа дека и Google работи на нешто слично, со тоа што, според информациите, сервисот со претплата од Google ќе вклучува и апликации, односно нема да биде ексклузивно наменет за игри.

Google Play Pass би било името на сервисот и според информациите ќе чини 4,99 долари месечно. Со тоа корисниците ќе можат да симнуваат апликации и игри кои се плаќаат, ќе немаат реклами, како и додатни плаќања во самите апликации.

Се верува дека Google планира да го пушти Play Pass во слично време кога ќе биде пуштен и Apple Arcade, а тоа може да се случи и нешто подоцна, односно во октомври кога и обично Google ги претставува новите Pixel уреди и официјалната верзија од Android која во меѓувреме се тестира.

Едно прашање кое се поставува за успехот на еден ваков сервис од страна на Google е поврзано со статистиките кои говорат дека корисниците на Apple отсекогаш повеќе плаќале за апликации, па не е сигурно колку корисници на Android би сакале да платат месечна претплата.

Google како и да е ќе се обиде, па секако ова може да се покаже како исплатлива алтернатива за плаќањето на апликациите, игрите, како и додатните работи кои можат да се платат во самите апликации, а посебно во игрите.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаWindows 10 ќе може да се реинсталира преку „облакот“
Следна статијаНа Instagram и WhatsApp ќе им биде додаден Facebook како дел од името
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.