За разлика од корисниците на Apple, тие на Microsoft имаат нешто посложен процес за повторно инсталирање на Windows 10 доколку нешто не е во ред со системот. Тие во главно мораат да го симнат системот на некаков медиум, по што би ја направиле инсталацијата.

Овој процес е значително олеснат со изминатите неколку верзии од Windows 10 поради можноста системот да се ресетира без потреба од симнување од интернет и креирање на пример, на USB стикче.

Сепак, верзијата која ќе се инсталира повторно е верзијата која веќе била инсталирана, а доколку Windows 10 има понова верзија, корисникот ќе мора подоцна да ја инсталира преку надградба, што додава уште време на целиот процес.

Според информациите кои Microsoft ги најавува за верзијата од Windows 10 за идната година, корисниците ќе добијат уште една можност за повторно инсталирање на системот, а ова посебно ќе се најде како корисно доколку системот и воопшто не може да се стартува.

Корисниците ќе можат да изберат Windows 10 да се инсталира преку „облакот“ со што ќе се симне најновата верзија од оперативниот систем и истата да се инсталира. Со ова тие нема да мора да посебно ја симнуваат најновата верзија од Windows 10 и да креираат посебен медиум за инсталација.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаNetflix сака да го подобри квалитетот на видео содржина преку следење на физичката активност на корисниците
Следна статијаGoogle работи на сервис со претплата за апликации и игри кој ќе се вика „Play Pass“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.