Иако тестираме повеќе телефони, еден од тие кои со нетрпение ги чекаме да дојдат на ред се телефоните од Galaxy S серијата од Samsung. За најновите уредите од Galaxy S серијата годинава почнавме со ред, па прво го тестираме „основниот“ модел, односно првиот од трите достапни, Galaxy S22.

Телефонот кој го имаме на тест е со фантомско црна боја, а ова е и бојата за која обично се одлучуваме кога купуваме нов телефон. Оваа боја изгледа одлично, а и не може да „здодее“ после некое време на користење.

Дизајн и карактеристики

Првата работа која се забележува со користењето на Galaxy S22 е намалувањето на заобленоста на страните од уредот, иако не се направени целосно рамни како кај некои од конкурентите. Ова според нас му дава на телефонот повеќе премиум чувство и доста поголема удобност при користењето.

На тоа треба да се додаде малата тежина на телефонот, нешто што доста прави разлика при користењето подолго време и гледање на видео, на пример или читање на книга.

Една од главните предности на Samsung секогаш е екранот и посебно малите рамки околу него. Овој факт, заедно со квалитетот на екранот, боите и контрастот, го прават Galaxy S22 да биде на врвот од пазарот, како што е случајот секоја година со оваа серија од компанијата.

Екранот на Galaxy S22 е со големина од 6,1 инч и резолуција од 2340 на 1080 пиксели со што се добива нивна густина од 425 пиксели на инч. Иако не може да се каже дека на оваа големина на екранот би можеле да забележите некој пиксел, сепак би сакале да видиме Samsung да се врати на користење на екрани со повисока резолуција кај цела Galaxy S серија. Поголемата резолуција сепак овозможува нешто „помека“ слика која е повеќе пријатна за очите.

Уредот, кој е изработен од стакло на задната страна и алуминиум од страните, доаѓа со димензии од 146 x 70.6 x 7.6 милиметри и тежина од 167 грама. Како што е веќе стандардно, телефонот доаѓа и со IP68 отпорност на вода и прашина со што се овозможува користење во вода до 1,5 метри до 30 минути.

Екранот е со стапка на освежување од 120 херци, а истата се прилагодува зависно од активноста во моментот, односно се намалува кога се чита нешто и се зголемува кога се прелистува содржина.

Веќе и не треба да кажеме дека телефон без стапка на освежување од 120 херци не можеме да го користиме, па сметаме дека не ни треба да се прават такви телефони, освен можеби за најниската класа.

Моделот со црна боја кој го имаме на тест изгледа навистина одлично, а оваа година модулот за камерите, кој е со скоро ист дизајн како минатата година, доаѓа со иста боја како и задната страна, па не се издвојува. Ова можеби изгледаше одлично минатата година, но и оваа нова мала промена остава одличен впечаток, па можеби и подобар.

На модулот се поставени три камери, односно главната камера со 50 мегапиксели и големина на сензор од 1 микрометар. Тука е и f/1.8 и оптичка стабилизација на сликата. Втората камера е со сензор од 10 мегапиксели и е наменета за зумирање до три пати, а ултра широката камера доаѓа со 12 мегапиксели. На предната страна, селфи камерата е со 10 мегапиксели.

Во Европа, како и во нашата земја, Galaxy S22 доаѓа со Exynos 2200 чипот од компанијата. Овој чип, иако уште не може да се каже дека го враќа Samsung на врвот на пазарот, доаѓа со големи подобрувања во споредба со ланскиот модел, па на сите „бенчмарк“ тестирања се покажува на ниво со Snapdragon конкурентот.

Графичкиот чип е Xclipse 920 кој е развиен во соработка со AMD и ја донесува RDNA 2 архитектурата кај мобилните. Ова постави големи очекувања, а посебно за мобилните игри, но тестирањата покажуваат дека оваа верзија, иако одлична, не им овозможува на корисниците некои посебно предности во споредба со Snapdragon, односно Adreno 730 процесорот.

Што се однесува до RAM-от, Galaxy S22 има 8 гигабајти, што е и повеќе од доволно за било кој вид на корисници, а и одлично ќе се најде и за корисниците кои ја користат DeX функцијата.

Корисничко искуство

Првото прашање кое секој корисник си го поставува, а посебно доколку веќе ја има претходната генерација од Galaxy серијата е дали вреди да се купи S22. Секако, годишното менување на телефони е оставено за тие кои навистина се внесени во нивно користење и тестирање, а и можат да си го дозволат, но и покрај тоа, сепак секоја нова генерација има што да понуди за сите свои видови на корисници.

Според нас, само малата разлика во дизајнот на страните на уредот, прават голема разлика и корисниците кои ги забележуваат овие промени, сигурно ќе им направи разлика. Телефонот е многу пријатен за користење со повеќе рамните страни, а на тоа уште би ја истакнале малата тежина.

Со оглед на тоа што Galaxy S22 доаѓа веднаш со One UI 4, поточно 4.1 верзијата, корисниците ги добиваат сите новини кои се дел со Android 12 и додатоците кои ги прави Samsung. Покрај промената во перформансите и во самите анимации, оваа верзија од One UI доаѓа со одличната можност за промена на бојата на системот и иконите врз основа на боите кои се дел од позадината.

Карактеристично за телефоните од високата класа, перформансите, односно брзината на работа е одлична и тоа е нешто што прави голема разлика за добро корисничко искуство. Корисниците кои ги купуваат овие телефони точно знаат зошто го прават тоа и што очекуваат, а Galaxy S22 нема да ве разочара.

Овој заклучок важи и за сликањето на слики, а Samsung секогаш се на врвот од пазарот кога е во прашање нивниот квалитет. Нема ситуација во која Galaxy S22 нема да извади одлична слика, а тоа важи и за ноќните услови, односно ситуации кога нема доволно светлина.

Иако телефонот обично многу го користиме во текот на денот, немавме проблем со батеријата да издржи барем до вечерните часови пред да треба да ја полниме. Пробавме телефонот и нешто помалку да го користиме, односно да не го чепкаме на секои 5 минути, па тогаш батеријата без проблем издржа до наредниот ден.

ПРЕГЛЕД НА ОЦЕНКАТА
Дизанј
Перформанси и батерија
Екран
Камери
Претходна статијаКугларите на „Макпетрол“ го освоија националниот куп
Следна статијаСо X Fold, Vivo влегува на пазарот на преклопливи смартфони, за почеток само во Кина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
recenizija-samsung-galaxy-s22<!-- wp:paragraph --> <p>Нема телефон од Samsung којшто не би можеле да го препорачаме на сите корисници. Galaxy S22 е одличен продолжеток на оваа серија со доволно промени во изгледот и перформансите за да ги привлече сите корисници, тие кои веќе имаат телефон од компанијата и тие кои би сакале да пробаат.</p> <!-- /wp:paragraph --> <!-- wp:paragraph --> <p>Главното внимание ни го привлече одличната боја на телефонот, рамните страни и малата тежина. Ова во комбинација со веќе одамна одличниот One UI го прави Galaxy S22 телефон кој тешко би можеле да не го купите доколку сте во фаза на промена на вашиот моментален уред.</p> <!-- /wp:paragraph -->