Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола беше домаќин на купот во куглање на Македонија којшто го освои скопскиот клуб „Макпетрол“. Актуелните шампиони на земјата, кои пред извесно време без пораз ја осигураа 21 титула во домашната лига, за 2022 година се носители на двојната круна, откако триумфираа и на неодамна одржаниот национален куп.

Второто место припадна на „Пелистер“, додека на турнирот учествуваа и „Макпетрол Б“, кои завршија на третото место. По нив се пласираа екипите на ГТЦ и на „Империјал“. Првиот тим на „Макпетрол“ имаше 3.400 соборени дрвца, а играчите Јаглишиќ и Марковиќ беа предводници во победничкиот поход на екипата.

Откако заврши куп-натпреварувањето, претседателот на Кугларската федерација на Македонија, Предраг Николиќ ги додели пехари и наградите на турнирот, но и ги прогласи најдобрите тимови во националниот шампионат за сезоната 2021 / 2022 година. Победничкото признание во лигата го доби „Макпетрол“.

Претходна статија„Picture-in-picture“ функцијата на YouTube на iOS ќе им биде пуштена на сите корисници
Следна статијаРецензија Samsung Galaxy S22 – Познат изглед и многу причини за купување

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.