Случувањата со 737 MAX авионот од Boeing привлекоа доста внимание изминатата година. Причината за тоа е што еден нов авион во 21 век за кратко време има две незгоди во кои сите патници загинуваат. Ова отвора една цела тема за што прави брзањето поради конкуренцијата, во комбинација на недоволно стручни и ангажирани регулаторни државни тела.

За потсетување, причината поради која 737 MAX имаше две незгоди беше новиот систем за прилагодување на насоченоста на носот на авионот, систем кој поради добивање на погрешни информации од неисправен сензор, сам го има насочувано носот надолу, а пилотите не знаејќи за овој систем, не знаеле што да направат. На крајот, по повеќе обиди да се исправи авионот, тој сепак паѓа.

Системот наречен MCAS е вграден во 727 MAX за да се избегне потребата од повторна обука на пилотите на 737 NG моделот, односно да за нив летањето изгледа дека е исто, а во основа е нешто поразлично. Разликата доаѓа од поставеноста на новите и посилни мотори, поради што може да дојде до поголемо подигање на носот на авионот и поради тоа до губење на движењето напред и паѓање надолу.

Истрагата покажа и дека американската FAA не направила доволно за да го провери авионот пред издавањето на сертификат за летање, а за истото ги има земено во главно тестирањата од самата компанија.

Изминатите година дена Boeing работи на исправка на проблемите кои се во главно софтверски, но тоа не иде брзо и лесно како што се очекуваше. Веќе еднаш се појавија дополнителни проблеми, а поради големото одложување Boeing реши да го паузира производството на овој авион.

На само неколку месеци од очекуваното повторно сертифицирање, Boeing повторно откри нов проблем во авионот којшто ќе треба да го средува. Се работи за индикатор за проблем со работата на системот којшто го насочува носот на авионот. Овој индикатор покажувал погрешни информации, а се верува дека до овој проблем е дојдено додека се решавале претходните проблеми.

Boeing уште се надева дека пред летото оваа година ќе добие повторно сертификат и дозвола да нивниот авион може да лета, но останува да видиме што ќе се случува, посебно што сега властите подетално го следат овој модел.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статија„Паметна долна облека“ – идеален подарок за Денот на вљубените за парови зависни од технологија
Следна статијаАлтернативни горива
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.