Пред летото минатата година Facebook најави дека работи на редизајн на својата страна од мрежата, редизајн којшто ќе ја направи страната повеќе слична на мобилната верзија. Тоа важи како за изгледот, така и за функционалностите на Facebook, мрежа која тогаш исто така беше најавено дека ќе почне да го става акцентот повеќе на групите.

Една од главните новини со новиот дизајн е можноста за вклучување на темна тема, нешто што не треба да истакнеме колку е популарно изминатата година кај повеќето апликации, сервиси и оперативни системи.

Пуштањето на овој нов дизајн требаше да биде до крајот на минатата година, барем според првите најави, но од Facebook очигледно не успеаја да го направат тоа. Сепак, доцнењето нема да биде големо, па на одреден број на корисници веќе им се пушта овој дизајн како тест, а за останатите треба да биде пуштен пред оваа пролет.

Корисниците кои ќе бидат избрани да бидат вклучени во тестот тоа ќе може да го познаат кога ќе се најават на мрежата нареден пат од кога ќе бидат одјавени, по што ќе им биде пуштена информацијата.

Заедно со новиот дизајн на веб верзијата од Facebook, од компанијата најавија и десктоп верзија од Facebook Messenger. Истата е најавена како целосно преработена верзија од веќе достапната во Microsoft Store која е само пренесена од iOS.

Новата Facebook Messenger е достапна во бета верзија преку Microsoft Store и сите заинтересирани можат да ја симнат од овој линк.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.