Samsung

Samsung веќе потврди дека работи на уред со екран кој се превиткува, за разлика од Galaxy Fold, овој на хоризонталната линија. Овој уред би бил во познатата „флип“ категорија и за разлика од Galaxy Fold, ќе има еден екран и треба да чини помалку.

Дека уредот не е само во фаза на планирање можевме да видиме од достапните неофицијални информации и слики, а тука се и најавите дека овој уред ќе биде претставен заедно со Galaxy S11, чиј настан е закажан за 11 февруари.

Досега сите овој уред го нарекуваа Galaxy Fold 2, но некако на ни се чини како можно и логично име. Сепак, не значи дека ако уредот има екран кој се превиткува, дека Samsung ќе продолжи да го користи истото име, иако уредот е со целосно различен концепт.

Името Galaxy Bloom се споменуваше како име кое се користи внатре во компанијата, па сега има информации дека тоа ќе биде и официјалното име на овој уред.

Ова било презентирано од страна на Samsung на ограничена група на луѓе во рамките на CES 2020, а истото беше случајот и минатата година со Galaxy Fold.

Сепак, како и да биде името на овој уред, веруваме дека ќе се продаде во многу поголема количина од Galaxy Fold кој сепак имаше малку потежок старт, а е и првата генерација од нова технологија.

ИЗВОРPnoneDog
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаFacebook почнува да го пушта својот нов дизајн, а ќе им биде достапен на сите корисниците пред пролет оваа година
Следна статијаCES 2020: Samsung Electronics ги претстави новите QLED 8K, MicroLED и Lifestyle телевизори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.