Samsung

Иако почетокот имаше проблеми, Samsung веќе официјално го продава својот прв уред со екран кој може да се превитка и со тоа да овозможи повеќе формати за користење на уредот. Galaxy Fold е достапен од минатиот месец, а веќе се најавува и негов наследник за идната пролет.

Додека чекаме да видиме дали и каков ќе биде наследникот на Galaxy Fold, Samsung за време на нивната конференција за програмери прикажа нов уред со екран на превиткување, уред кој има различен концепт од Fold.

Galaxy Fold се превиткува по вертикална линија, односно се затвора како книга, а на надворешната страна е достапен уште еден помал екран кој овозможува уредот да се користи и како мобилен телефон додека поголемиот екран е затворен.

Новиот концепт оди повеќе во правец на старите „flip“ телефони и превиткувањето го прави на хоризонталната линија на уредот. Со тоа корисниците добиваат телефон со стандардно голем екран, но уред кој многу полесно ќе можат да го сместат во џебот.

Повеќе информации за овој уред Samsung не даде, па покрај тоа што не знаеме какви би биле карактеристиките, не знаеме ни кога би можеле да го очекуваме, односно дали идната година или дури во 2021.

Сепак, од компанијата прикажаа видео со концептот на овој уред, па може да се види како го замислуваат.

Досега единствената компанија која најавуваше ваков уред беше Motorola, со наводно нова верзија од нивниот познат Razr, но нема информации кога овој уред би бил достапен.  

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаNetflix тестира можност за зголемување и намалување на брзината за гледање на содржината на Android
Следна статијаДоналд Трамп преку Twitter му дава совети на Тим Кук за дизајнот на iPhone
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.