Samsung веќе најави дека работи на еден ваков уред, па прашањето за тоа дали тие може да го претстават не е тема за разговор. Тоа што не е познато е кога тие би го претставиле својот втор уред со екран кој се превиткува, а информациите укажуваат на можност тоа да се случи и во февруари со претставувањето на Galaxy S11.

До излегувањето на повеќе и посигурни информации, сега ги имаме и првите слики за кои се тврди дека се од прототип на вториот уред со екран на превиткување од Samsung. Сликите доаѓаат од Weibo кинеската друштвена мрежа, а се забележани од страна на познатиот Ice universe.

Како што може да се види и од сликите, како и од најавата од Samsung, вториот уред со екран на превиткување од компанијата ќе има поразличен концепт од првиот, односно од Galaxy Fold.

Овој уред, наместо со отворањето да се претвора во помал таблет компјутер, ќе се преклопува со цел да се добие помал уред кој лесно може да се пренесува. Кратко кажано, ова би бил уред од „флип“ категоријата, односно како ново претставениот Motorola RAZR.

Тоа значи дека превиткувањето на екранот би одело по хоризонталната линија на уредот, наместо по вертикалната, со што и доволен ќе биде еден екран, за разлика од двата кај Galaxy Fold.

Од сликите се гледа уредот со познатата за Samsung дупка на предната страна за камерата. На задната страна има помал екран на кој се прикажуваат информации, но е помал од тој кај RAZR, па нема да може да се користи и за сликање и слично.

Повеќе информации за тоа каков ќе биде овој уред нема. Motorola се одлучи нивниот да биде од средно високата класа, но верувам дека Samsung сепак ќе го стави во највисоката категорија, но со пониска цена од Fold кој чини скоро 2000 евра.  

ИЗВОРPnoneDog
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаPornhub одличен извор на статистика за бројот на корисници на различните верзии од Android оперативниот систем
Следна статијаПрви впечатоци од трејлерот за Tenet
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.