Фото: Shutterstock.com

TCP, односно Transmission Control Protocol е главниот протокол кој се користи и денеска, иако постои уште од 1974 година. Овој протокол, во основа е задолжен за тоа како датотеките кои се испраќаат од компјутер до компјутер на интернет се поделени и потоа повторно составени за да може да бидат прикажани на целната дестинација. Кратко кажано, ова е протоколот кој го одредува начинот на пренесување на податоците од кои зависи отворањето на веб страните, гледањето на видео содржина, симнувањето на датотеки и слично.

Google започна со креирање на понова алтернатива на овој протокол, направена на основа на UDP – User Datagram Protocol, но со додатни функции кои ги немаше кај овој веќе развиен протокол. Google својот протокол го нарекува QUIC – Quick UDP Internet Connections и го развива изминатите осум години, односно од 2013.

За почеток Google го користи QUIC протоколот за своите сервиси, а беше достапен и како посебен додаток на Chrome прелистувачот. Заинтересираните компании можеа да го тестираат и користат овој протокол кој овозможува поголема брзина, која според информациите од Google е доволно поголема да направи значајна разлика.

Сега QUIC протоколот е издаден како официјален протокол од страна на IETF организацијата, што значи дека тој може и официјално да се користи од страна на сите заинтересирани.

Според Google, прикажувањето на резултати од пребарувања е побрзо за 8% на компјутерите, односно 4% кај мобилните. Поголема разлика има кај чекањето да почне да се прикажува YouTube видео, со 18% подобрување кај компјутерите и 15% кај мобилните.

Уште поважно, овој протокол го забрзување и отворањето на шифрираните страни, нешто што би направило голема разлика при отворањето на страни како што се банкарските и слични деловни сервиси.

Се претпоставува дека ќе помине доста време додека повеќето компании го прифатат овој протокол и истиот го имплементираат, односно се очекува дека ќе поминат повеќе години.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаЏеф Безос ќе биде патник на првиот лет со луѓе за неговата Blue Origin
Следна статијаApple го претстави iOS 15 со подобрувања кај FaceTime, известувањата, приватноста и уште многу повеќе
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.