Првиот лет со патници на компанијата Blue Origin ќе се одржи на 20ти јули, а дел од овој „историски“ лет за компанијата ќе биде и нејзиниот основач, познатиот Џеф Безос. Заедно со него, дел од првиот екипаж на компанијата ќе биде и неговиот брат Марк Безос, како и уште еден човек кој ќе победи на наддавањето кое е организирано од страна на Blue Origin и треба да заврши на 12ти јуни, а моментално е стигнато до 2,8 милиони долари.

Летот ќе биде направен со ракетата од Blue Origin, New Shepard, врз која ќе биде поставена капсулата во која има место за до шест луѓе.

New Shepard е ракета која може да се нарече конкурент на Falcon 9 ракетата од Space X, односно и таа е направена да може да се врати назад и да слета на Земјата, со што се добива можноста за повеќекратно искористување.

Летот на 20ти јули нема да биде до орбитата на Земјата, односно до вселената. Тој ќе се одржи до висина од околу 100 километри, што може да се нарече е на работ од атмосферата, а патниците на оваа висина ќе можат да ја почувствуваат бестежинската состојба, како и да ја видат формата на Земјата.

По достигнувањето на висината, капсулата ќе се одвои од ракетата, па по одреден краток период од неколку минути, ќе слета назад со помош на падобранци. Ракетата исто така ќе се врати назад и ќе слета на почетната позиција.

New Shepard досега има одличен успех во тест летовите кои вклучуваат и слетување на ракетата. Тоа секако е еден вид на основа на одлуката да се дозволи да првиот човечки лет на компанијата биде направен со нејзиниот основач, како и неговиот брат.

Најавата за летот Џеф Безос ја направи преку кратко видео и објава преку неговиот Instagram профил.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаBlack Ops со премиерна бура од стил и талент
Следна статијаПобрзата алтернатива на TCP протоколот од Google официјално стандардизирана и достапна за сите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.