Во продолжение од антимонополскиот процес против Google кој е започнат од страна на Министерството за правда на САД, објавени се дополнителни информации поврзани со сумата која Google ја исплаќа на повеќе компании за задржување на главната позиција на нивниот пребарувач.
Претходно се дозна дека Google им исплаќа на компаниите дури 26,3 милијарди долари за Google Search да биде автоматски избран кај производите од корисниците. Тие имаат можност да го променат Google, но јасно е дека не така голем процент го прават тоа.
Уште тогаш се шпекулираше дека поголемиот дел од тие 26,3 милијарди долари одат кај Apple, со оглед на популарноста на iPhone, но и на iPad и Mac.
Според најновите информации, кои кога биле објавени наводно адвокатот на Google не бил баш „среќен“ за тоа, од компанијата на Apple им исплаќаат 36% од вкупните приходи од рекламирање кои се прават преку Safari.
Safari е прелистувачот од Apple, па кога Google е наместен како главен пребарувач, резултатите од пребарувањата се прикажуваат на корисниците кои го користат овој прелистувач, а истиот го има на iPhone, iPad и Mac компјутерите.
Овие информации кои сега излегуваат на површина се и причината зошто се води постапка против Google. Другите компании, како Microsoft на пример, се жалат дека нивните пребарувачи немаат шанса со Google поради ваквата практика на компанијата. Повеќето луѓе се навикнати на Google, па единствен начин другите да добијат шанса е доколку корисниците ги изберат при прилагодувањето на нивниот нов уред.
Можноста Google да го изгуби овој процес, нешто што сепак ќе стапи на сила после повеќе години, повторно ги отвора шпекулациите за тоа дека Apple можно е да претстават сопствен пребарувач.
Доколку биде тргната моменталната причина од повеќе милијарди долари, не е чудно од компанијата да се одлучат за вакво нешто.