Фото: Stardock

Најпознатата апликација која одамна им помага на корисниците кои не се задоволни со Старт менито на Windows, по пуштањето на посебната верзија за Windows 11, сега ја добива и втората верзија од истата.

Start11 v2 ја продолжува одличната работа од првата верзија, па донесува неколку новини кои ќе ја направат уште покорисна за корисниците. Како и досега, Start11 може да се користи на Windows 11, но и на Windows 10.

Новата верзија доаѓа со три нови стилови за Старт менито кои можам да кажам дека се доста подобри од стандардното мени кое доаѓа со Windows 11, а дефинитивно од Windows 10.

Start11 v2 доаѓа и со нови можности за подобрување на долната лента на Windows, односно „таскбарот“. Корисниците сега ќе можат да прикачат папка на лентата и со тоа ќе можат да пристапат до датотеките на многу побрз начин.

Исто така, Start11 v2 ја донесува можноста да се заоблат аглите на долната лента, со што се добива многу подобар изглед, а според некои гласини така ќе изгледа лентата во Windows 12.

Новините во Start11 v2 можете да ги погледнете во видеото во продолжение.

ИЗВОРStardock
Претходна статијаУчилиштата од Ѓорче Петров се приклучуваат во кампањата против врсничко насилство на „Макпетрол“
Следна статијаGoogle им плаќа на Apple 36% од приходите од реклами кои се прават преку Safari
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.