Паметниот асистент со вештачка интелигенција на Samsung наречен Bixby веќе е дел од новите Galaxy S8 и Galaxy S8+ смартфони, но тој сѐ уште е во почетна фаза на развој и не може да препознае говорни команди како што можат Google Assistant, Cortana, Alexa или Siri, но Samsung веќе има бета верзија која брзо се развива и која би можела да биде спремна наскоро.

Сепак, ова не е причина да не размислуваат за иднината – како и со многу производи во минатото, тие планираат да лансираат уред кој веќе го имаат повеќето од конкурентите. Се работи за паметен Bluetooth и Wi-Fi звучник за домот со кодно име Vega, кој ќе има вграден Bixby асистент и на кој ќе може да му поставувате најразлични прашања, задачи и обврски.

Засега нема длабоки информации за тоа каков ќе биде звучникот, но со оглед на тоа што Samsung купи управувачки пакет акции во Harman минатата година, кој вредеше 8 милијарди долари, може да се очекува тој да биде насочен кон оние кои бараат поквалитетен звук, слично како што Apple направи со HomePod.

Сепак, неговото претставување најверојатно ќе мора да почека, бидејќи на Bixby му требаат уште неколку месеци развој пред да биде целосно спремен и конкурентен на останатите асистенти.

Извор: Cult of Mac, Engadget, Neowin

Претходна статијаПротекоа фотографии од Samsung Exynos VR уредот за виртуелна реалност со вградени дисплеи
Следна статијаGoogle веќе нема да ги чита вашите мејлови за податоци за реклами

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.