Samsung Galaxy Watch4 Classic

Веќе одамна се очекува и шпекулира за претставувањето на паметен часовник од страна на Google. Овие очекувања станаа уште поголеми кога компанијата ги купи познатите Fitbit пред две години, но уште не видовме нешто ново, покрај неколку нови модели под Fitbit брендот.

Според најновите информации, Google конечно ќе влезе на овој пазар идната година со претставување на сопствен паметен часовник. Дали тој ќе биде наречен Pixel Watch или некое целосно различно име, засега не е познато.

Претставувањето на сопствен часовник идната година не доаѓа како неочекувана информација. Google оваа година започна соработка со Samsung со кои заедно работеа на развојот на новата верзија од Wear OS. Сега овој оперативен систем е многу подобар, а тоа може да се види и од популарноста на новиот Galaxy Watch4 од Samsung кој е првиот часовник кој работи на новата верзија. Wear OS веќе има голем раст на пазарниот удел.

Според некои информации, Google и Samsung се имаат договорено дека првите уреди, после Samsung, со новата верзија од Wear OS ќе бидат претставени дури идната година, односно Samsung ќе го има ексклузивното право да бидат први одреден период.  

За часовникот од Google се верува дека ќе биде со кружен дизајн, исто како тие на Samsung, а исто така се најавува дека ќе нема рамки околу екранот, што би било доста добро.

Што се однесува до останатите карактеристики, уште е рано да се шпекулира, но јасно е дека може да се очекуваат стандардните фитнес функции, а можно е да се очекуваат и понапредните како ЕКГ, па можеби и можноста за мерење на телесниот состав, како кај Galaxy Watch4.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаБесплатни онлајн настани за изучување на програмирање, веб дизајн и дизајн со Едуфронт
Следна статијаЦрвениот Крст отвора едукативен тренинг центар за спроведување на обуки за возрасни според верификувани програми
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.