Во пресрет на уписите за новите програми Digipath за програмирање, дизајн и веб дизајн, онлајн компјутерскиот центар за образование – Едуфронт најавува нови отворени настани и бесплатни, воведни часови за запознавање на сите потенцијални слушатели со новите дигитални патеки.

“Во чекор со Digipath” е онлајн информативен настан за дигиталните програми на Едуфронт – едукативниот центар за онлајн образование за деца од 8 до 14 години. Истиот ќе се одржи на платформата Zoom на 10 Декември (петок) со почеток во 18 часот.
На овој настан ќе можете да дознаете повеќе за Digipath – Дигиталните патеки за учење за деца: Дигитална патека за програмирање, Дигитална патека за веб дизајн и Дигитална патека за дизајн. Ќе се запознаете со тимот и предавачите, ќе добиете информации за тековните уписи и ќе може директно да поставите прашања. За присуство на настанот регистрирајте се на линкот: https://bit.ly/3obdpI3.

Децата коишто се заинтересирани да изучуваат некоја дигитална вештина може да се приклучат на бесплатен онлајн час. На него може да се запознаат со целите на конкретната обука и активно да учествуваат и научат воведни знаења.

Распоредот и линковите за регистрација за бесплатните, воведни часови се како што следува:

Повеќе за дигиталните патеки на https://edufront.mk/prijava/ или info@edufront.mk, 070 700 237

Digipath – Дигитални патеки за учење за деца се дел од активностите на истоимениот проект чијшто реализација се одвива од страна на Едуфронт со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ преку Инструментот за забрзан развој.

Претходна статијаВикендов се одржа Фестивал на италијанска храна на плоштадот Македонија
Следна статијаGoogle ќе го претстави својот прв паметен часовник идната година