Црвениот крст на Република Северна Македонија на 07.12. (вторник) 2021 година, во 11:00 часот (локација: ул,,Славе Георгиевски Шнајдерот бр. 5, Скопје) на свечен начин отвара Едукативен тренинг центар за спроведување на обуки за возрасни според верификувани програми на Црвениот крст.

Црвениот крст преку Едукативниот тренинг центар во Скопје ќе спроведува верификувани програми за обуки за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, обуки за лични асистенти на лица со попреченост, обуки за палијативни негуватели за изнемоштени лица, како и обуки за асистенти за нега на лица од алцхајмерова болест.

Едукативниот тренинг центар официјално ќе го отвара генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити и министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска.

Претходна статијаGoogle ќе го претстави својот прв паметен часовник идната година
Следна статијаРецензија – Galaxy Watch4 го става Samsung на врвот на пазарот на паметни часовници

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.