Главниот нов часовник за оваа година од Apple е десеттиот по ред Apple Watch, односно Apple Watch Series 10. Гласините мора некогаш и да не бидат точни, па на вчерашниот настан не беше претставен Apple Watch Ultra 3. 

Ова е и добра работа кога ќе се размисли подобро. Наместо да претстават сам малку подобрен нов Ultra часовник, од Apple покажуваат дека тоа не мора да биде така, па претставија само нова боја за корисниците кои уште се мислат дали да го купат Watch Ultra 2. 

Изработката повторно е од титаниум, очекувано за овој часовник кој е наменет за планинарите, пливачите и слично, односно е направен да му конкурира на Garmin и нивните одлични часовници. 

Бојата е наречена црна титаниум и заедно со оваа промена доаѓаат и променети бои за каишчињата кои доаѓаат со часовникот. 

Дополнително, Apple претстави и ново ремче за Watch Ultra 2, познатото Milanese Loop, овој пат во црна боја за новата верзија од часовникот. 

Секако, Watch Ultra 2 ги добива новините достапни со watchOS 11, како и новата функција од Watch 10 за откривање на апнеја при спиење. 

ИЗВОРApple
Претходна статијаTелевизорите Neo QLED и QLED на Samsung за 2024 година се први во индустријата кои добија сертификати за извонредност во квалитетот на сликата од VDE
Следна статијаANC доаѓа и кај обичните AirPods со нивната најнова верзија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.