Фото: Shutterstock.com

Според извори и проценки од страна на познатиот Минг-Чи Куо, Apple се’ уште немаат започнато со развојот на наредната генерација од нивниот Ultra часовник, односно Watch Ultra 3.

Кога ќе се земе во предвид втората верзија, можам слободно да заклучам дека ако ова е точно, воопшто не изненадува. Од компанијата слободно можеа да ја прескокнат и годинешната верзија.

Apple Watch Ultra 2 не донесе нешто посебно ново во споредба со ланскиот модел, односно двојката дојде со нов и побрз чип, посветол екран и во основа тоа беа главните новини. Не се остварија гласините дека барем ќе има избор и на темна варијанта, но сепак се истакнуваше и дека тоа не е баш паметно за часовник кој е замислен да биде изгребан не толку ретко.

Куо смета дека доколку од компанијата не го започнат развојот до декември оваа година, шансите да биде претставена третата верзија од Watch Ultra, се доста мали.

За идната година можевме да прочитаме и гласини кои најавуваат целосен редизајн на обичната верзија, за десетгодишнината од претставувањето, нешто слично како што беше случајот со годишнината од iPhone.

Куо исто така истакнува дека доколку не биде претставен Watch Ultra 3, тоа негативно ќе се одрази на продажбата на Ultra серијата, како и на остатокот од паметните часовници од Apple.

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаSamsung воведе нов начин на бекап и враќање на податоците со бесплатен простор на Samsung Cloud
Следна статија„Макпетрол“ го поддржа новиот детски парк во Општина Илинден со хортикултурно уредување
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.