Apple на нивниот настан вчера ја претставија втората генерација од нивниот Apple Watch Ultra. Мислам дека се очекуваше повеќе од тоа што беше претставено, барем дополнителен избор на боја, но тоа не беше случајот.
Apple Watch Ultra 2 изгледа исто како ланскиот модел, а тоа е случајот и со Apple Watch Series 9, па главните новини повеќе се поврзани со неколку карактеристики „внатре“ во уредот.
Главната новина доаѓа со користење на новиот S9 чип кој на часовникот ќе му овозможи поефикасна работа која најмногу ќе се забележи во прецизноста на сензорите.
Дополнително, овој чип овозможува Siri за одредени барања да функционира од самиот уред, па да не комуницира со серверите, а тука е и можноста за пристап на Siri до Health апликацијата.
На Watch Ultra 2 додадена е и одличната Double Tap функцијата која овозможува притискање на главното копче од апликациите без потреба од притискање на екранот. Истото се прави со двојно притискање на палецот и показалецот еден од друг.
Голем дел од новините доаѓаат поради WatchOS 10, а тука се и нови дизајни на главниот екран, односно „watch faces“.