За изминатите неколку години дефинитивно може да се каже дека двете најголеми платформи почнаа да ги воведуваат некои од најдобрите функции едни од други. Додека на некои им е интересно да обвинуваат за крадење на функции, ова сепак на крајот е добро за корисниците.

Samsung, за корисниците на најновата верзија од нивниот систем, односно One UI 6, воведуваат нов начин за бекап на податоците за корисниците, нешто што досега беше карактеристично и достапно за корисниците на Apple.

Новата можност е наречена Temporary Cloud Backup и како што може да се претпостави од самото име, се работи за функција која е замислена да се користи еднократно, односно не е замена за стандардните „cloud“ сервиси за чување на датотеки.

Оваа новина е одлична за кога се менува уредот или кога истиот е оставен на сервис. Корисниците добиваат неограничен простор на Samsung Cloud сервисот на кого можат да направат бекап на целиот уред.

Привремениот карактер на функцијата доаѓа до израз кај тоа што овој простор е достапен само 30 дена, доволно за корисниците да направат враќање на податоците на новиот уред.

Дополнително, иако просторот е неограничен, поединечните датотеки кои се зачувуваат не смеат да надминат 100GB.

Со оглед на големата брзина на интернет пристапот во денешно време, ваквиот начин на бекап и враќање на податоците е доста подобар и не бара корисниците да ги имаат двата уреди во моментот на префрлување на податоците.

За разлика од Apple, Samsung им овозможува на корисниците да направат враќање на податоците и по активирање на телефонот, што е доста корисно.

Оваа функција ќе биде достапна и преку Maintenance Mode, новата функција замислена да ги заштити податоците на корисниците додека нивниот уред е на сервис.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Samsung
Претходна статијаПретставена Xiaomi 14 серијата, прва со Snapdragon 8 Gen 3 и новиот Xiaomi HyperOS оперативен систем
Следна статијаApple може да не претстави нова верзија од Watch Ultra идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.