watson-supercomputer

Watson претставува вештачки интелегентен компјутерски систем кој е способен да одговори на прашања поставени на говорен јазик. Развиен е од страна на IBM во рамки на проект познат како DeepQA. Овој компјутер е познат по тоа што во 2001-та беше своевиден учесник во познатото квиз шоу Jeopardy. Во натпреварувачка конкуренција со претходните победници на овој квиз, Watson успеа да ја освои првата награда од 1 милион долари.

Најновите информации од IBM поврзани околу суперкомпјутерот Watson велат дека се планира неговите капацитети да се искористат во борбата против тумор на мозокот, односно глиобластомот. Планот од овој проект, кој е всушност соработка помеѓу IBM и New York Genome Center (NYGC), е да со помош на вештачко интелегентниот суперкомпјутер се анализираат огромни количества на податоци, се со цел за избор на најсоодведниот третман за секој поединечен случај од оваа болест.

Низ годните, овој суперкомпјутер постојано е надградуван и истиот станува се побрз и покомпактен. Тој се разликува од обичните компјутери во тоа што наместо само едноставно набљудување на модели на податоци, Watson поседува можност активно да учи и применува информации се цел да дојде до разумна хипотеза со одредено ниво на доверба.

Знаењето кое Wason го поседува е огромно. Покрај целокупниот обем на податоци од Wikipedia, тој поседува и огромно количество информации од најразлични студии и статии од сите области (посебно е надграден од областа на медицината за овој проект). Способноста на Watson да го разбира говорниот јазик и да ги процесира сите информации е одлична можност за напредок во областа на онкологијата.

Со примена на неговата суштинска, компјутерска моќ, насочена кон набљудување на генските мутации кои се причинител за претворање на нормалните клетки во канцерогени, се очекува побрзо идентифицирање на овие мутации и изнаоѓање на најсоодветен нивен третман .

Иако сегашната намена на Watson ќе биде толкување на податоци од збир на пациенти со дијагностициран глиобластом, агресивен вид на рак на мозокот, овој проект ќе претставува одлична основа за напредок на останатите полиња на онкологијата па и пошироко.

Претходна статијаНеофицијална листа на промени во Android 4.4.3
Следна статијаBatteryBox преносен полнач кој овозможува вашиот лаптоп да работи до 12 часа после 5 години користење