nexusae0_wm_4.4.3_thumb

Моменталната најнова верзија од Android оперативниот систем е 4.4.2, а во последно време почнаа да излегуваат информации за наредната надградба. Се работи за помала надградба, односно истата треба да биде насочена кон исправка на разни багови и проблеми пријавени од корисниците, но не и нови функции или промени во корисничкиот интерфејс. Листата која што ќе можете да ја прочитате во продолжение не е официјално потврдена од страна на Google, па не е познато колку е точна и дали навистина наредната надградба на оперативниот систем ќе биде на 4.4.3 или нема да има надградби до претставувањето на Android 5.0. Листата доаѓа од извор на Android Central порталот, за кој што се вели дека е запознаен со работите поврзани со овој оперативен систем.

Сепак голем број на протечените информации за разни производи често се точни, па затоа сметаме дека и оваа има добри шанси да биде точна. Android 4.4.3 надградбата треба да ги вклучува следните промени:

  • Исправка на честото исклучување на дата конекцијата
  • Mm-qcamera-daemon оптимизација и исправка за негово паѓање
  • Исправка на фокусот на камерата во стандарден и HDR режим
  • Исправка на можноста за отклучување на екранот од страна на Power Manager функцијата
  • Повеќе исправки за Bluetooth
  • Исправка за честото случајно рестартирање
  • Исправка за ситуациите кога кратенки на home екранот се тргаа после надградба на апликација
  • Безбедносна исправка на USB debugging
  • Безбедносна исправка на кратенките од апликациите
  • Исправка за автоматското конектирање на Wi-Fi
  • Други исправки на камерата
  • Исправки на MMS, email/exchange, календар, people/dialer/contacts, DSP, IPv6 и VPN
  • Исправка за заглавувањето на екранот за активирање
  • Исправка за LED нотификацијата при пропуштени повици
  • Исправка на графиконот за прикажување на потрошувачката на дата конекцијата
  • Исправка за интернет телефонија
  • Разни останати исправки

Извор: Android Central

Претходна статијаВо мај ни пристигнува камера „на носење“ што снима 4К видеа
Следна статијаWatson – суперкомпјутер кој ќе помага во откривање и лечење на рак на мозокот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.