LensFreeMicroscope1_mid

Микроскопите како технологија не се нешто ново и тие постојат и се користат многу одамна. Повеќето од нив кој што се користат во медицината користат леќи преку кои што поминува светлината на тоа што се набљудува, со што се добива точна слика врз основа на која што може да се донесе заклучок.

Меѓутоа како што имаме забележано, обично не секоја ординација е опремена со микроскоп, а се разбира не може ни секој да ги толкува резултатите со цел да оцени за што се работи, односно дали клетките се во добра состојба. Исто така цената на овие уреди не секогаш е достапна за малите ординации, како и ординациите во земјите во развој.

Група на истражувачи од UCLA универзитетот работат на развој на микроскоп кој што не користи леќи и кој што треба да биде многу поевтин. Тој исто така користи и посебно развиени алгоритми кои што ја оформуваат сликата за истата да може да се користи од страна на стручните лица.

Овој микроскоп користи чип кој што се користи во дигиталните камери денес, како и во камерите во мобилните телефони. Поточно се работи за користење на CCD или CMOS чипови кои што ја претвораат сликата во дигитална форма.

Начинот на кој што работи овој микроскоп е преку осветлување на примерокот кој што треба да биде прикажан од страна на ЛЕД диода. Примерокот е поставен на посебен слајд веднаш над чипот по што тој ја анализира сенката која што е емитувана од него.

la-sci-sn-lens-free-on-chip-microscope-2014121-001

Сликата од примерокот потоа се оформува од софтверот, слика која што не би била баш погодна за гледање без него. Прашањето кое што се поставува во овој случај е дали оваа слика може да биде рекреирана доволно добро за да биде точна и меродавна, како што тоа е случајот со микроскопите кои што се користат денес.

Според тестирањата кои што ги имаат направено, овој микроскоп се покажал како точен во 99% од случаите, што иако не е лошо, остава мал простор да дојде до ниво на другите микроскопи.

Тестот е направен со прикажување на слики од микроскопот, но и од обичните микроскопи од клетките со неколку видови на канцер. Докторите на кои што им биле прикажани сликите не знаеле од каде тие доаѓаат, односно од кој микроскоп.

Извор: Engadget, UCLA, LATimes

Претходна статијаMicrosoft започна со пуштање на Lumia Denim надградбата
Следна статијаHyperloop на Елон Маск на пат да биде остварен во реалноста
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.