Уште од Nokia, надградбите на Lumia уредите се нарекуваат според нивно посебно, може да се каже маркетингшко име, наместо едноставно според верзијата на оперативниот систем. Покрај посебното име, овие надградби донесуваат нешто повеќе функции и новини од оперативниот систем, карактеристични за Lumia уредите.
Последната надградба за Lumia уредите, која што поголемиот дел од корисниците ја имаат е Lumia Cyan. Lumia Denim е најновата надградба за овие уреди која што беше најавена во Септември оваа година. Истата беше најавено дека ќе биде пуштена за уредите до крајот на годината, па од оваа недела корисниците постепено почнуваат да ја добиваат.
Најверојатно пореди потенцијалните проблеми, Microsoft надградбата ја пушта постепено и бавно за ограничен број на уреди и земји. Бројката овие денови до некаде се има зголемено, меѓутоа масовното пуштање за сите корисници се очекува во Јануари.
Доколку сакате да проверите која е најновата верзија достапна за вашиот уред, а со тоа и дали е достапна Denim надградбата, тоа можете да го направите преку посебната страна преку следниот линк. Во Македонија до сега Denim ја имаат добиено корисниците на Lumia 520, па доколку го имате овој уред, можете да проверите преку Settings > Phone Update > Check for updates.
Lumia Denim надградбата треба да ги донесе следните новини и подобрувања:
- Побрза и поинтуитивна работа на Lumia Camera апликацијата
- Можност за снимање во 4K резолуција со 28 fps со долго притискање на копчето за камера (Lumia 930 и Lumia 1520)
- Сликање со автоматско HDR, Dynamic Flash и Dynamic Exposure
- Подобрување на алгоритмите за процесирање на сликите
Оваа надградба исто така треба да ја донесе можноста за активирање на Cortana преку „Hey Cortana“ гласовната команда, дури и кога уредот е заклучен.
За одредени модели оваа надградба треба да ги донесе новините од Windows Phone 8.1 Update 1 кои што вклучуваат можност за креирање на папки на главниот екран, Cortana во повеќе земји, избор на snooze времето во alarm апликацијата.