002_fsn_mut_8wk_m_40X_index-590x330

Научниците од Универзитетот на Британска Колумбија случајно откриле ензим кој има имунолошко дејство и допринесува кон стареењето на кожата. Ензимот е наречен Гранзим Б и некои од глувците биле генетски модифицирани за да не го лачат. Случајниот ефект што научниците го забележале е дека кожата на глувците без тој ензим останала совршено мазна без да ги има стандардните знаци на стареење. Тоа им паднало в очи па решиле да го испитаат понатаму.

По ова, научниците решиле да го повторат експериментот, но сега додавајќи контролна група и ултравиолетово зрачење. Повторно модифицирале неколку глувци за да го немаат ензимот и потоа земале исто толку немодифицирани глувци и во текот на дваесет недели ги изложувале двете групи на зрачењето. Резултатот бил запрепастувачки – глувците кои го немале ензимот не покажувале воопшто знаци на стареење на кожата, за разлика од другата група на кои почнало да им се појавуваат типичните нерамнини и брчки.

Пред да се израдувате за можното решение против кожното стареење треба да ве известиме дека овој ензим Гранзим Б се лачи од имунитетните клетки и има функција да ги уништува кожните клетки кои биле пореметени од УВ зрачење или други активности што можат да предизвикаат рак на кожата. Потенцијално, ако тој го сопрете од лачење, ќе ослободите простор за развиток на многу непосакувани ефекти од истото, како рак, разни тумори и други пореметувања на кожата.

Оттука, потребно е да се размислува како Гранзим Б да нема влијание врз колагенот на кожата, а да продолжи да работи против разните канцерогени формации на истата. Некоја идна анти-старосна крема би требало да ги земе ваквите факти предвид за со помош на составните делови да го постигне токму овој ефект.

Извор: Geek, Huffington Post

Претходна статијаДемонстрирани протетски раце директно поврзани со нервите
Следна статијаMicrosoft започна со пуштање на Lumia Denim надградбата