11779953_572170266256627_7335472016324479115_o

Никој не сака да биде инвалидизиран ниту пак некој друг исто така. За жал, понекогаш се случуваат разни несреќи или генетски болести во кои некои лица мораат да посегнат по користење на количка за да можат да се движат бидејќи телото им откажува способност или послушност.

Иако на пазарот постојат разни столчиња-колички од кои дел се опремени со електромотори, тие досега беа ограничени на апсолутна и неинтуитивна мануелна контрола со џојстик или копчиња. Ogo Technology сака да го промени сето тоа.

Се работи за електрично столче-количка ogo кое се управува на многу интересен начин со помош на мрдање на целото тело. Меѓутоа, мрдањето тука е апсолутно интуитивно и слично како кога би се возеле на мотор. Се навалувате на лева страна и количката врти натаму. Се навалувате назад и таа кочи или почнува да оди наназад. Малку нанапред и вози напред. Дури можни се симултани комбинации на овие движења за да стигнете точно каде што сакате.

Ogo е резултат на долгогодишната работа на еден човек, Кевин, кој имал пријател параплегичар. Со негова помош и со посветување на неговиот инженерски ум тој создал уред кој работи слично на Segway или Ninebot Mini меѓутоа за инвалидизирани лица. Тоа што е многу полезно во користењето на ogo е потребата вашите јадрени мускули постојано да работат, вежба која малку инвалидизирани лица ја добиваат, а е добра за нивното здравје.

Сега пријателот на Кевин може да се вози каде сака и скоро колку сака (ogo има автономија од 40 километри што овозможува цел ден да вози со едно полнење), може да ја закочи количката кога работи, па дури може да игра и кошарка!

Извор: Ogo Technology, Facebook: ogo Technology, Product Hunt: ogo

Претходна статијаHonda ќе претстави две иновативни и урбани електрични возила
Следна статијаБидете брилијантни со новиот HTC ONE