qnovo-fast-charging-dyn-fullwidth-tablet-600x330

До сега, производителите на мобилни уреди свесно ја намалуваа брзината на полнење на батериите со цел да се зачува животниот век на батеријата. Со други зборови задоволителен животен век на батеријата значи бавно полнење. Но тоа набрзо ќе се смени.

Напредна технологија за интелегентно полнење на батерии од Qnovo овозможува брзо полнење на Li-ion батерии без конвенционалниот губиток на животот на батеријата. Технологијата е базирана на софистицирани алгоритми кои ги комбинираат хемијата и електрониката за да се извлече најефикаснато дејствување од батеријата. Резултатот е полнење на Li-ion батерии со големи брзини кои овозможуваат да 15 минутно полнење донесе 6 или повеќе часа користење на мобилниот уред.

Електрохемичарите на Qnovo заклучија дека најголемото оштетување на батериите настанува за време на полнењето. Со користење на поинтелегентен процес на полнење, овие оштетувања можат да бидат минимизирани. Qnovo внесува серија од пакети на полнење кои се проследени со мерења кои ја утврдуваат моменталната состојба на батеријата. Па така се применуваат модификации за истовремено да се минимизира времето на полнење и оштетувањето. Овој процес се повторува стотици пати секоја секунда во текот на целиот животен век на батеријата. Компанијата тврди дека на било кој телефон со нивниот софтвер му треба само една третина од вообичаеното време на полнење, а доколку се користи и Qnovo чип ова време уште повеќе се скратува.

Мобилни телефони со Qnovo чипови и нивниот софтвер ќе бидат достапни на пазарот во текот на 2015 година.

Од друга страна Qualcomm веќе долго време работи на систем кој може да ги претвори секојдневните објекти во безжични полначи.  Благодарение на нивната технологија ќе бидеме во можност да полниме повеќе уреди истовремено од една единствена површина. Технологијата може да биде вградена во мебел, па рестораните може да го користат овој систем за да ги трансформираат масите во безжични полначи.

WiPower ги користи принципите на индуктивно каплирање за да изгради систем за безжичен пренос на енергија на блиско растојание. Технологијата користи две компоненти кои се својствени за сите индуктивни системи: предавател и приемник. WiPower системот ги користи насочените и контролирани магнетни полиња за да ги замени традиционалните кабли за напојување.

WiPower системот е базиран на модифицирана технологија на индукција и динамички ја адаптира енергијата обезбедена од предавателот во побараната енергија од приемникот без потреба од комуникација или системи за контрола. Системот е способен за пренесување на енергија на повеќе приемници истовремено кои се поставени врз предавателот во било која позиција или ориентација.

Извор: Engadget, Qnovo, Qualcomm

Претходна статијаСуперсонични подморници ќе патуваат од Шангај до Сан Франциско за 100 минути?
Следна статијаViber воведе видео повици за корисниците на Android и iOS