desktop_mainV3

Видео повиците се достапни на Viber за десктоп веќе одреден период, иако се’ уште се означени со бета ознаката. Дека видео повиците ќе бидат овозможени и за мобилните апликации беше јасно и очекувано, само немаше точна најава кога тоа ќе се случи. Сепак од компанијата имаат покажано дека имаат за цел да станат меѓу најкористените апликации за разговори, а се разбира најголема е желбата да се стигне Skype кој што уште важи за главната апликација за меѓународни разговори и видео повици, посебно за бизнис корисниците.

Вчера Viber ја претстави петтата верзија од својата апликација за Android и iOS која што покрај неколку други нови функции, вклучува и можност за правење на видео повици. Од Viber истакнуваат дека корисниците може да очекуваат видео повици без никакви проблеми независно од нивната интернет конекција. Се разбира квалитетот се прилагодува соодветно, па не може да се очекуваат HD повици на бавна конекција.

Интересна можност која што е дел од новите видео повици, а немаме видено некоја од конкурентните апликации да го нудат истото, е можноста за префрлување на повиците од мобилната апликација на десктоп и обратно. Тоа значи дека можете да го започнете разговорот на вашиот компјутер, па да го продолжите на вашиот мобилен или таблет.

Покрај можноста за видео повици, Viber 5.0 ги вклучува и следните новини:

  • Лесно додавање на нови контакти преку скенирање на QR код кој што сега се генерира преку Viber
  • Нов освежен дизајн на апликацијата на Android
  • Менаџирање на стикерите, како и препраќање на пораки и слики на iOS

Новата верзија на Viber е достапна во продавниците за апликации и можете да ја надградите или симнете преку следните линкови за Android и iOS. Најава за нова верзија на Windows Phone нема, но доколку се земе досегашното искуство, таа ќе биде достапна во месеците што следат.

Претходна статијаНовитети кои го олеснуваат полнењето на мобилните уреди
Следна статијаAndroid апликациите ќе работат на Chrome OS, првите четири достапни сега
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.