???????????????????????????????
Формирање на парцијална суперкавитација.

Истражувачи од Кина развиваат подморница која се движи во свој сопствен воздушен меур кој го намалува кочењето и дозволува подморницата да се движи побрзо од комерцијалните авиони.

Според истражувачите тие се на пат да развијат технологија која ќе им дозволи на подморниците да патуваат со брзина поголема од 1200 km/h.

Oвој импресивен подвиг би значел дека подморницата ќе треба да патува со брзина поголема од звукот, односно да постигне таканаречена суперсонична брзина, а тоа во теорија е возможно со технологијата позната како суперкавитација.

Кавитација е појава на испарување на водата и креирање на меури од водена пареа како резултат на намалување на притисокот до некоја критична вредност. Терминот кавитација може да се однесува на се, од инцијалното формирање на меури (почетокот) до создавањето на прицврстени меури од голем размер (суперкавитација). Суперкавитацијата настанува кога малите меури предизвикани од движењето на цврсто тело низ водата се спојуваат за да создадат еден голем меур кој е подолг од самиот објект.

Идејата е да се зголеми брзината на еден објект, како на пример подморница, со креирање на меур околу него кој го намалува кочењето како што објектот се движи низ водата. Предниот дел од подморницата треба да биде дизајниран да може да го создаде меурот, а гасот се користи за да го обликува. Овој трик веќе е користен од миноносецот Shkval од страна на Советските Републики во ’60 тите и ’70 тите, кој успеал да достигне брзина од околу 370 km/h, но само за неколку километри.

OutzEZl

Концептот е докажан, но постојат практични проблеми. Еден од нив е управувањето. Имено традиционалните подморници се контролираат со кормила, како бродовите. Но управувањето на суперкавитациски пловен објект би значело контролата да постои во меурот.

Друг предизвик е дека големите брзини се неопходни за да го оддржат меурот. Како прво екстремно тешко е да се достигне брзина на која ќе биде креиран ваков меур. Па дури и да кинеските истражувачи од Harbin Institute of Technology’s Complex Flow  направат исчекор во суперкавитацијата, границите на стандардните подводни движења ќе ги ограничуваат.

Истражувачите објавиле дека успеале да развијат ликвидна мембрана што ги решава двата проблеми. Мембраната дозволува да различни страни од бродот имаат различни степени на триење, со што се создава ефект на управување. Со комбинирање на оваа технологија со суперкавитацијата може значително да се намалат проблемите со лансирањето, како и да се олесни контролата.

Извор: Wired

Претходна статијаНовото Start мени во Windows 9 прикажано на видео
Следна статијаНовитети кои го олеснуваат полнењето на мобилните уреди