96890_we_660

Компјутерските покажувачи (курсори) кои ги користиме уште од почетокот на графичките опкружувања ни имаат овозможено добра интеракција со нашите машини. Најчесот прикажани како стрелка, но и во други форми, тие ни овозможуваат да управуваме со елементите на екранот, да ги движиме, местиме во ред и така натаму. Сепак, овие покажувачи се наменети за 2Д приказ, и не се многу применливи за 3Д приказ – кој пак веројатно ќе стане доминантен во блиска иднина.

Затоа истражувачите од Универзитетот од Монтреал работат на создавање на систем на покажувачи за 3Д прикази кои интуитивно ќе можеме да ги контролираме без поголеми проблеми и со мал тренинг, слично на досегашните. Засега, контролата на покажувачот во нивниот 3Д приказ се изведува преку таблет, но велат дека тоа значи дека аналогно ќе може да се префрли на телефон или паметен часовник.

96889_we_660

Практично идејата е да се контролираат 3Д објекти со помош на алатки кои не се наслонуваат на следење на физичките движења на телото на корисникот, туку само деловите од телото кои тој сака да ги користи (на пример, прсти) и тоа на наједноставен можен начин – како што е случајот со глувче. Професорот Томас Дорта кој го води овој проект за истиот изјави: „Нашата нова технологија ја предизвикува сликата за тоа што е покажувач и што прави. … Покажувачот постанува површина за цртање и контролирање. Техниките кои ви ги откриваме денес вклучуваат користење на таблет да се контролира покажувачот, но не се ослонува на надворешно следење на движењата на корисникот …“.

Според него, ваквите покажувачи (курсори) имаат повеќе примени него тие што сега ги прикажале. Покрај цртање, може да се користи за архитектонски дизајн, во медицината и во компјутерските игри, но резултатите од ваквата примена ќе се знаат тек за неколку години од сега.

Извор: The Engineer, TechRadar

Претходна статијаAirbus работи на патнички авион четири пати побрз од звукот
Следна статијаTwitter го тргна лимитот од 140 карактери за директните пораки