twitter-dm-limit

Една од главните карактеристики на Twitter е лимитот од 140 карактери при објавувањето на твитовите. Тоа ги прави кратки и јасни, што е една од најголемите предности на оваа социјална мрежа.

Овој лимит беше исто така пренесен и за испраќањето на директни, односно приватни пораки помеѓу корисниците. Од Twitter најавија дека овој лимит сепак не е потребен во овој случај, па ќе биде тргнат.

Од оваа недела од социјалната мрежа објавија дека лимитот од 140 карактери е тргнат, па корисниците кои што сакаат да комуницираат и преку пораки, сега тоа можат да го прават стандардно како и со било која од другите апликации за таа намена. Лимитот на пораките сега изнесува 10.000 карактери, што е повеќе од доволно за испраќање на долги пораки.

Со оваа промена може да се каже дека Twitter до некаде влегува во конкуренција со апликациите како Viber, WhatsApp, Messenger и слични чија што главна намена е испраќањето на пораки. Активните корисници на Twitter може многу лесно да се одлучат да ја користат оваа апликација за нивните потреби за комуникација, сега кога е тргнат лимитот, а со тоа и веќе да не користат некоја од другите апликации.

Промените ќе бидат воведени во апликациите за iOS и Android, како и на TweetDeck и Twitter за Mac, а исто така и на главната веб страна.

Извор: Twitter

Претходна статијаИстражувачите развија нов метод за 3Д курсори
Следна статијаАвтентично кубанско доживување во Македонија – „ХОЛА ОХРИД“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.