Автономни возила – девизата на годината. Сите работат на нејзе, од Honda и други автомобилски производители, па се` до таквите како Google и Apple и секако неизбежните Tesla. За повеќето луѓе автомобилот е средство за пренос од точка А до точка Б, па не е ни чудно што би прифатиле автоматизиран транспорт.
Нормално и Nissan се вклучува во трката со нивниот најнов концепт за луксузен автономен автомобил. Покрај тоа што изгледа како да чини стотици илјади евра, очигледно е дека Nissan IDS Concept и ќе функционира за сите пари. Автомобилот сепак ќе може да се вози од сопственикот, што во овој случај е посакувано.
Имено, тој ќе учи како сопственикот вози и потоа ќе го имитира неговото возење. Интересно, нели? Како да имате уште еден ВИЕ кој вози без да му берете гајле бидејќи си верувате доволно себеси.
Според Nissan, “Nissan IDS Concept ветува многу поразлична верзија од иднината. Дури и кога возачот ќе одбере Пилотирано управување и ќе го предаде управувањето на возилото, перформансите на возилото – од забрзување до кочење и вртење – ќе го имитираат стилот на возачот и неговите претпочитувања“.
Изгледа дека иднината стигна побрзо од што очекувавме бидејќи Nissan IDS Concept ќе биде понуден на пазарот дури во 2016 година. Како што и претходно изјавивме, иднината е веќе тука – па да ја уживаме максимално!
Извор: Car and Driver, VentureBeat