Магнетизмот е една од интересните појави во физиката. Уште во дамнешната историја луѓето знаеле дека одредени метали, како железото, кобалтот и никелот имаат способност да привлекуваат други метали и да постанат т.н. „трајни магнети“.
Магнетизмот е квантен феномен кој се базира на спиновите на електроните во (најчесто) металот. Кај повеќето метали спиновите на електроните се свртени во случајни позиции насекаде, па ефектите од нивните магнетни „полиња“ се поништуваат меѓу себе. Кај некои метали, ако се помине со (електро)магнетно поле тоа предизвикува спиновите на електроните на нивните атоми да се наредат во правец на полето. Потоа, кога ќе се тргне/исклучи полето ваквата нареденост го прави тој магнет да покажува магнетни способности.
Како што напоменавме погоре, ваквата карактеристика обично се остварува со металите железо, кобалт и никел. Другите метали немаат кохерентни магнетни својства … до сега. Имено, научниците пронајдоа начин како да направат магнет од манган и бакар. Тоа го постигнале со делкање на многу тенки слоеви од бакар и манган кои биле прекриени со слој од топчиња од бакар наречени фулерен (со формула C60). Ваквиот слој бил активен во одземањето на електрони од атомите на металите и со тоа да го надминат критериумот на Стонер за претворање на цврст објект во магнет.
Со ова тие успеале да направат слаби магнети. Па така бакарот бил 10 пати послаб магнет од никелот, а дури 30 пати послаб од железото. Дополнително, по некое време магнетниот ефект почнал да се губи од металите бидејќи оксидацијата ги „крадела“ атомите на металот и ја нарушувала бројноста на атомите.
Како и да е, ова е значајно откритие бидејќи докажува дека можеби во иднина нема да мора да се осврнуваме само на одредени метали кои потешко се наоѓаат за да имаме магнети, туку дека можеби ќе може да се поттикне магнетизам и во други, кои се поевтини и многу подостапни, како бакарот.
Извор: IFLScience, Nature