Screenshot 2014-10-13 16.07.16

Mars One е непрофитна фондација од Холандија која што има во план да испрати луѓе на Марс до 2024 година. Луѓето кои што ќе бидат испратени во повеќе наврати, според планот треба да останат таму за секогаш, односно не е планирано нивно враќање.

Според замислата, луѓето ќе живеат во истиот простор каде што ќе ги одгледуваат културите од кои што ќе се хранат. Ова звучи како добра идеа за повеќето кои што знаат дека растенијата го користат јаглерод диоксидот кој што го издишуваат луѓето, а испуштаат кислород. Меѓутоа според неколку истражувачи од MIT универзитетот, тоа не е баш така едноставно. Тие во нивната анализа за Mars One планот, истакнуваат дека нивото на кислород со тек на време ќе достигне ниво кое што е над дозволеното за луѓето. Со технологијата која што постои денес, кислородот на може да биде исфрлен без да се задржи потребното ниво на азот. Поради тоа ќе дојде до намалување на притисокот во просторијата, а со тоа и можност за дишење.

Сепак според директорот на Mars One фондацијата, Bas Landorp, технологијата за исфрлање на кислородот постои, а до почетокот на мисијата се очекува унапредување на одредена технологија, како и измислување на нови. Од MIT нагласуваат дека зимаат во предвид дека сепак постои начин за исфрлање на кислородот, меѓутоа не се уверени дека таа технологија би функционирала на Марс, како што функционира на Земјата.

Уште еден проблем кој што се јавува на начинот на кој што се планира животот во колонијата е влажноста. Културите кои што се одгледуваат внатре со тек на време ќе ја покачат влажноста на ниво и до 100%, што ќе биде проблем за луѓето.

Без разлика на тоа дали ќе се решат одредени проблеми поврзани со технологијата и начинот на организирање на колонијата, интересно ќе биде да се види како сето ова би било изведено и кои се луѓето кои што би сакале да го поминат остатокот од нивниот живот на Марс.

Извор: Cnet, Geek

Претходна статијаПретставен нов дизајн на возовите во лондонското метро
Следна статијаОсновите на физиката добија уште една потврда
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.