Лондонското претпријатие задолжено за транспортот во градот, Transport for London (TfL), заедно со дизајнерската компанија за транспортни возила PriestmanGoode, го претставија новиот концепт на возови за познатото метро London Underground. Возовите, заедно со промена на платформите на станиците, се планира да бидат пуштени за првпат во употребна од 2020 година. Се работи за модернизирање на целиот систем кој што треба да одговори на се поголемиот број на жители во Лондон, а со тоа и патници, како и модерното време на паметни технологии.

Возовите ќе бидат направени на таков начин што веќе вагоните нема да бидат издвоени, односно патниците ќе можат слободно да се движат низ целиот воз без потреба од поминување низ врати. Тие исто така ќе бидат направени од нови материјали кои што овозможуваат помала тежина, а подобра заштита. Возовите ќе можат да застанат поблиску до платформата, па патниците веќе нема да има потреба да се грижат при влегување и излегување од возовите. Вратите исто така ќе бидат зголемени преку воведување на дупли врати, со што ќе се овозможи поголем проток на луѓе. Внатрешноста на возовите ќе го задржи класичниот изглед, а посебно на седиштата.

ntfl-doors-open_verge_super_wide

Возовите ќе бидат опремени со Wi-Fi конекција, а досегашните обични реклами ќе бидат заменети со дигитални екрани на кои што ќе бидат прикажувани информации за патниците, покрај стандардните реклами. На почетокот возовите ќе бидат контролирани од возач, меѓутоа тие се направени со можност за целосно само управување. Возовите без возач ќе бидат постепено пуштани со текот на годините.

NTfL-Exterior-Outdoor-Dawn_021014

15298686099_6a9d8c09b6_k_verge_super_wide

Извор: Engadget, The Verge, TfL

Претходна статијаHTC ги претстави најавената акциона камера и селфи телефон
Следна статијаMIT: Жителите на Mars One колонијата ќе се задушат после 68 дена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.