_83089659_l'oreal

Големите компании за козметика пред една деценија имаа пракса да ја тестираат својата козметика врз кожа од животни која е слична на луѓето. Оваа пракса беше изречно забранета во ЕУ и беше потиснувана од други држави, па одговорните компании се одлучија да ја откажат и да започнат со тестирање на „човекова“ кожа, најчесто добиена од остатоци од пластични операции и слично.

Сега од L’Oreal сакаат да започнат со 3Д печатење на човекова кожа на која ќе може да ги тестираат своите нови производи. Секако, L’Oreal не ја започна праксата на печатење човекова кожа или воопшто на човекови или животински органи. 3Д печатењето на кожа беше започнато како проба да се создаде заменска кожа за луѓе кои ја изгубиле својата поради напредни изгореници и слично.

Инаку, L’Oreal се здружуваат со Organovo, компанија за биоинженеринг, која ќе им помогне во оваа мисија. Според Гајв Балух, потпретседател на светско ниво на L’Oreal, „Некои од најголемите потенцијални предности се брзината на производство како и нивото на прецизност кое 3Д печатењето може да го постигне. … Фокусот на L’Oreal сега не е да се зголеми количеството на кожа кое го произведуваме туку да се продолжи со работа на прецизноста и конзистентното производство на процесот за произведување кожа“.

Доброто во овој процес е што вложувањето од огромни компании како L’Oreal ќе придонесе кон побрзо достигнување на разни стадиуми во оваа технологија и ќе овозможи побрзо развивање на 3Д печатарската технологија за човечки органи, кои ќе ни донесат подобрување на квалитетот на животот, па можеби дури и бесмртност.

Извор: IFLScience, BBC, Washington Post

Претходна статијаXerox и Fotoba постигнаа нов рекорд во печатењето листови со широк формат
Следна статијаСтудија претпоставува дека вонземјаните би биле со големина на мечки