Xerox Wide Format IJP 2000 (2)

22 мај 2015. – Новото решение на компаниите Xerox и Fotoba овозможува најбрза продукција на печатењето во целосна големина на постери, транспаренти и знакови со брзина од само пет секунди по страница.

Fotoba FHS42 Cutter работи заедно со Wide Format IJP 2000 на Xerox со цел зголемување на автоматизирањето на работата и забрзувањето на печатењето. За субјектите што се занимаваат со печатење тоа значи зголемување на профитабилноста и брзо завршување на работата.

Режачот има една хоризонтално и до четири вертикално поставени острици за режење за постигнување печатење на целата хартија. Системот ги чита вградените ознаки за режење на секоја хартија и ги усогласува и постојано ги прилагодува блоковите за режење за постигнување резови со прецизност до 0,04 инчи (1 милиметар).

Xerox ја започна соработката со Fotoba со цел прилагодување на режачот за да биде во склад со клучните спецификации IJP 2000, вклучувајќи брзини на синхронизација при 4.520 квадратни стапки (420 квадратни метри) по час за ист опсег на медиумот. Медиумите вклучуваат мат премачкана хартија, сјајна фотографска хартија, хартија со сина заднина и филмови со осветлување – благодарејќи на што печатарите може на клиентите да им понудат широка палета на примени.

Освен постигнување на брзо печатење, флексибилните можности на режачот овозможуваат извршување на работата од која било големина без складирање на неколку големини ролни или нивни чести промени, со што се штеди време и пари. Потребно е минимално одржување благодарение на остриците кои самите се острат.

IJP 2000 и Fotoba FHS42 Cutter беа претставени на саемот FESPA (Европско здружение на печатари) 2015. во германскиот град Келн, од 18-ти до 19-ти мај.

Достапност

Fotoba FHS42 Cutter е достапен ширум светот кај продавачите на Xerox како изборен додаток.

Следете нѐ на:

Веб-страницата: http://news.xerox.com/rss

Facebook: http://www.facebook.com/XeroxCorp

Twitter: http://twitter.com/xeroxcorp

YouTube: http://www.youtube.com/XeroxCorp

За компанијата Xerox

Xerox глобална компанија којашто нуди решенија за работење, технологија и управување со документи и им помага на организациите да го променат начинот на којшто управуваат со работењето и информациите. Седиштето на компанијата е во Norwalk во сојузната држава Connecticut; вработуваме повеќе 140 000 лица и работиме во повеќе од 180 држави. Нудиме услуги за управување со деловните процеси, опрема за печатење, хардверска и софтверска технологија за управување со информациите — од податоци до документи. Дознајте повеќе на http://www.xerox.com.

Претходна статија“Како да влезете во Силиконската Долина?“
Следна статијаL’Oreal сака да тестира козметика на 3Д испечатена кожа