За време на Intel Innovation настанот кој се одржа вчера, Intel и Samsung прикажаа интересен концепт на технологија која вклучува екран кој се намотува и со тоа овозможува промена на големината и можноста за користење.

Како што би се очекувало, се работи за OLED екран на кого од Samsung имаат работено изминатите години. Екранот може да ја менува својата големина од 13 до 17 инчи со намотување и одмотување на истиот.

Корисниците со една ваква технологија би добиле лесно пренослив таблет уред кој по потреба може да се претвори во поголем екран и користење на маса.

За жал, оваа технологија, која и не е така нова, беше презентирана само како концепт, па не беше најавено претставување на некој производ, а според информациите за тоа ќе се почека уште некоја година најмалку.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаИзлегоа првите неофицијални слики од Galaxy S23 серијата која изгледа ќе добие редизајн во стилот на Galaxy S22 Ultra
Следна статијаInstagram тестира можност за оставање на кратки белешки кои исчезнуваат после 24 часа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.