Фото: Shutterstock.com

Тест на функција која за првпат беше забележана пред неколку месеци, сега изгледа се проширува на повеќе корисници и добива поголемо внимание. Се работи за можност за објава на кратки белешки во Instagram, поточно во делот за пораки, кои можат да ги видат пријателите.

Наједноставен начин да се опише оваа нова функција е преку споредба со Instagram Stories, само за кратки текстуални објави, без можност за слики и видеа.

Корисниците можат да ги објават своите белешки преку делот за пораки, а копчето за објава, како и белешките од пријателите, се поставени под лентата за пребарување на пораките.

Известување како за пораките при објава на белешките не се добива, што значи дека нив ќе ги видат само корисниците кои почесто ги отвораат пораките во Instagram.

По објавата на белешките, тие имаат рок од 24 часа, исто како Stories, по што ќе бидат тргнати. Другите корисници можат да одговорат на овие белешки, по што тој разговор ќе биде префрлен во директните пораки.

Не е познато дали и кога оваа нова функција би им била пуштена на сите корисници, а од Instagram само го имаат потврдено тестот пред неколку месеци, но не и сега кога изгледа достапноста се проширува.

Слики од оваа нова функција се достапни на XDA-Developers страната.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаIntel и Samsung прикажаа монитор со екран кој се намотува
Следна статијаГласот на Дарт Вејдар го презема вештачка интелигенција, Џејмс Ерл Џоунс ја пренесува работата после 45 години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.