Фото: Shutterstock.com

После 45 години официјално гласот на Дарт Вејдар, познатиот актер Џејмс Ерл Џоунс ја предава оваа работа, но не на друг актер, туку на вештачка интелигенција. Софтвер со помош на веќе искористениот глас од Џоунс, ќе ги рекреира сите идни дијалози кои би го вклучувале карактерот Вејдар.

Според информациите, гласот кој е компјутерски генериран е најмногу сличен со тој од постарите филмови, односно филмовите кои многу ги сметаат како најдоброто од Star Wars, а и кога актерот беше помлад.

Компанијата која работи на AI технологијата е украинската компанија Respeecher која првпат ја започна својата соработка со Lucasfilm на серијата The Book of Boba Fett, за што го имаат рекреирано гласот на младиот Лук Скајвокер.

Гласот на Џејмс Ерлс Џоунс, односно Дарт Вејдар, Respeecher првпат го користи во серијата Obi-Wan Kenobi каде што овој карактер почесто се појавува.

Respeecher користи поголем број на архивирани снимки од гласовите на актерите, како и сопствена технологија за вештачка интелигенција. Нивната работа со Lucasfilm ја надгледува Метју Вуд кој работи со звук и звучни ефекти.

Последното снимање со гласот на Џејмс Ерл Џоунс е направено во 2019 за време на снимањето на The Rise of Skywalker филмот.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаInstagram тестира можност за оставање на кратки белешки кои исчезнуваат после 24 часа
Следна статијаMicrosoft се откажува од развојот на SwiftKey на iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.