Дојде времето за пуштањето на првите неофицијални слики кои ни прикажуваат како е можно да изгледа наредната генерација од Galaxy S23 серијата. Првите слики, поточно „рендери“ се објавени за основниот модел Galaxy S23 и за Galaxy S23+.

Доста стандардно, сликите доаѓаат од „onleaks“ кој ги објавува на страните smartpix и digit.

Од тоа што може да се види, доколку се покаже како точно, Samsung планира мал редизајн на Galaxy S23 серијата, редизајн кој поаѓа од дизајнот на годинешниот Galaxy S22 Ultra. Ова сигурно ќе значи дека Galaxy S23 Ultra ќе има уште поголем редизајн, а тоа е случајот секоја од изминатите неколку години.

Сличноста со Galaxy S22 Ultra е во задните камери, кои не се поставени во посебен модул, туку секоја посебно директно на телото до телефонот. Овој изглед одлично изглед после неколку години на секакви модули.

Од предната страна може да се забележи дополнително намалување на рамките околу екранот кои скоро и да ги нема.

Според информациите, двата модели добиваат и мало зголемување на димензиите, иако се очекува големината на екранот да е иста, па ќе видиме дали оваа информација е точна и зошто е така.

Од останатите очекувања за новата серија е користењето на Snapdragon 8 Gen 2 кај сите модели, па идната година и корисниците во Европа, односно и нашата земја, може да го очекуваат овој чип.

Претставувањето на Galaxy S23 се очекува за почетокот на идната година, најверојатно во јануари.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаIntel Unison конечно ги спојува Android и iOS смартфоните со десктоп компјутерите
Следна статијаIntel и Samsung прикажаа монитор со екран кој се намотува
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.