robot-artificial-intelligence

Се претпоставува дека во текот на овој век ќе дојдеме до вистинска генерална вештачка интелигенција (ВИ) која на почетокот ќе може да парира со нашата, а многу бргу потоа ќе ја надмине колективната интелектуална моќ на целото општество. Ваквата интелектуална моќ е застрашувачка и потенцијално многу опасна. Елон Маск изјави дека вештачката интелигенција е поопасна од нуклеарните оружја и дека човештвото може да заврши во нејзиниот спам филтер. Стивен Хокинг исто така предупреди на негативните аспекти на ВИ. Од друга страна Реј Курцвејл е оптимист околу иднината на ВИ и нашето сплотување.

Сепак негативните коментари изгледа се засилуваат. Сега и Google се активира околу можните негативни ефекти од ВИ. Google пред некое време ја купи DeepMind компанијата која се занимава со ВИ и со развивање на генерална ВИ во иднината. Демис Хасабис, водачот на DeepMind, заедно со неговиот тим работат на примена на вештачката интелигенција во услугите кои ги нуди Google, како подобро пребарување, предлози за видеа на YouTube и слично.

Во исто време соосновачот Шејн Лег изјави дека е многу загрижен околу импликациите кои ги содржи во себе таквата неверојатна интелектуална моќ која не е дел од нас. Според него: „На крајот, мислам дека човековото уништување веројатно ќе се случи и дека технологијата ќе игра улога во тоа“. Според него ВИ е број 1 ризик за овој век.

Демис Хасабис оваа година прикажа едно видео во кое машинските алгоритми кои ги имаат направено учат како да играат едноставни игри и стануваат неверојатно способни во тоа. Алгоритмите немале никаква меморија вградена од правилата на игра, туку само како да управува со својот дел во играта и желбата да се победи. Видеото од таа конференција можете да го видете тука.

Проблемот е во тоа што нешто што е супериорно од интелектуален аспект многу тешко се контролира, ако воопшто и може. Секоја личност, без разлика дали е синтетичка или биолошка (ќе) стреми кон сопствена слобода, моќ и доминација, а тоа е многу опасно кога од другата страна го имаме „совршениот соперник“.

Вештачката интелигенција покрај огромните предности кои ќе ги донесе за човештвото можно е да донесе многу негативни феномени, како започнување на нова светска војна или систематско уништување на човештвото и оставање на луѓето во резервати каде нема да трошат ресурси од Земјата кои и` се потребни. Затоа мораме да бидеме многу внимателни околу напредокот во ова поле и да се обидуваме со сите сили да ги „претопиме“ нашите умови со вештачката интелигенција за да не` осеќа како дел од себе и да не развие антагонизам кон нас туку кооперативно делување. Така и ќе постигнеме вистинска надградба над нашето биолошко минато.

Извор: Business Insider

Претходна статијаHankook концепт за гуми на иднината кои се прилагодуваат зависно на подлогата
Следна статијаWind Tree: Ветерница во форма на дрво ќе произведува електрична енергија во урбаните средини