Wind-tree-urban

Еден од проблемите на ветерниците е тоа што тие бараат посебни услови за поставување, па поради тоа не се баш погодни за урбаните средини. Тие треба да бидат поставени високо, каде што ветровите се почести и со поголема брзина, а исто така се прилично големи. За доста луѓе тие не изгледаат баш најдобро и не би сакале да ги гледаат во нивната околина.

Според одредени искуства, ветерниците не се погодни за поставување во близина на луѓето поради предизвикувањето на потенцијални проблеми пореди движењето на големите турбини.

Еден француски стартап сака да овозможи производство на електрична енергија на овој начин, односно со помош на движењето на воздухот, меѓутоа на начин кој што ќе овозможи поставување на ветерниците во населените места. Начинот на кој што тие ќе го постигнат тоа е преку нивните ветерници во форма на дрва.

Наречени Wind Tree, овие ветерници се направени да работат без пуштање на звук, а исто така треба многу подобро да се вклопат во околината поради имитацијата на дрвата. Турбините се направени во форма на листови и се поставени на метална конструкција. На оваа конструкција се поставуваат 72 листови, односно турбини кои што се во можност да произведуваат енергија од многу мали движења на воздухот, многу помали од тие што им се потребни на големите ветерници.

Потребата на само мал ветер овозможува да овие ветерници можат да бидат искористени во поголемиот дел од годината, односно од компанијата која што ги развива предвидуваат околу 280 активни денови.

Вкупниот излез на енергија од сите турбини изнесува 3.1 kW, што е доста помалку од големите ветерници, меѓутоа сепак не се ни очекува повеќе. Со развојот на технологијата може да се очекува нивна поголема ефикасност со тек на годините.

Овие ветерници можат да се приклучат директно во градската мрежа, а исто така можат да се најдат и во многу поинтересни ситуации. Ветерниците можат да бидат поставени до одредени објекти кои што ќе ја добиваат својата енергија целосно независно само од нив.

Цената на овие ветерници треба да биде околу 30.000 евра, а предвидувањето е дека таа се исплаќа само после неколку години на користење.

Извор: Geek

Претходна статијаGoogle е загрижен за перспективата на вештачката интелигенција
Следна статијаXiaomi го претстави Redmi 2, телефон од ниската класа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.