Сведоци сме дека доаѓаат времиња кога целосната автоматизација на домовите станува сè повообичаена. За разлика од минатото, денешните иновативни решенија сè повеќе ‘’разбираат‘’ и се прилагодуваат на наште навики и потреби, односно стануваат сè попаметни. Компаниите постојано работат на нови верзии и подобрени технологии достапни за сечиј буџет.
NEST термостатот е еден таков пример. Овој термостат го учи распоредот на жителите, нивните навики и гради персонален распоред. За неколку дена ја запомнува идеалната температура и по една недела тој почнува сам да ја нагодува температурата во домот. Се програмира самиот себеси и може да биде контролиран од паметниот телефон независно дали сте во својот дом или не. Со програмот Auto Away, додека не сте дома, овој термостат автоматски ја нагодува температурата во енергетски ефикасна и штеди. За цена од 249 долари, овој термостат дизајниран од поранешни вработени во Apple, може да ја намали сметката за греење и ладење до 20%.
Друга интересна технологија е Kanari кој е прв ваков уред во светот за целосна сигурност во вашиот дом. HD видео камерата и сензорите за сигурност следат сè што се случува во вашите домови почнувајќи од движење, температура, квалитет на воздухот, па сè до вибрации, звуци и активности, со цел вие и вашето семејство, но и вашиот дом да бидете безбедни. Ги учи вашите навики и навремено известува при итни случаи. За овој уред не е потребна инсталација, бидејќи можете да го имате едноставно преку сигурна мобилна апликација која се контролира од вашиот паметен телефон. Цената е само 199 долари за еден уред кој е доволен за еден дом.
Вакви иновативни решенија има многу, а нивното време допрва доаѓа. Овие паметни технологии можат да ни го олеснат животот да ни ги намалат секојдневните трошоци, да направат да се чуствуваме сигурни во нашиот дом како и да ни причинат задоволство со многу мала инвестиција.