tout-f-refresh-rate_960_12

Во својот паметен часовник, наречен Toq, Qualcomm претстави нова технологија за екрани, која што троши помалку енергија од другите екрани кои што се користат. Поради тоа, часовникот е цело време вклучен и нема потреба од гаснење на екранот со денови.

Интерферометрична  Модулација или IMOD е технологија патентирана под името Mirasol и истата претставува технологија за екрани, способна да создава широк спектар на бои само со едноставна контрола на светлина која овозможува квалитетна слика.
Интерферометрична Модулација претставува процес на рефлектирање на светлината, односно таа патува во форма на бран и секоја боја со сопствената бранова должина се пречекува за да се добие потребната боја за секој пиксел.

Во нашето секојдневие оваа игра на бои и светлина ја имаме сретнато во неколку ситуации, како на пример, кај маслото кое кога ќе се измеша со вода создава ефект на виножито, кај меурите од сапун
и во крилјата на пеперутката или на паунот.

Манипулацијата на светлина се овозможува со вградената MEMС технологија, односно Микро Елекро-Механички Систем или скратено Микро Машини. Микроскопските Електронски Светлосни Модулатори имаат џебови кои се регулираат со помош на водечко интегрирано коло кое има сличен принцип на работа како LCD екраните каде со интерференциска шема се создава различен светлосен бран.

Пикселот во ваквата технологија е составен од повеќе под-пиксели или индивидуални микроскопски џебови, слично на еталонот кој се наоѓа во крлушките од крилјата на секоја пеперутка. Оваа технологија за разлика од едноставниот еталон кој се состои од две полусребрени огледала има рефлективна мембрана со густина на тенка полутраспарентна филмска лента.

mirasol-image

Секој раб е дефиниран со воздушен џеб кој оптички резонира и каде бојата се одредува според големината на џебот. Со електричен модулаторски прекинувач, односно со додавање волтажа се нанесува сила на мембраната (микроскопски џеб) за да воспостави контакт со тенката филмска лента која овозможува апсорпција на несакана светлина, со цел да не дојде до губење на приказот на боја, односно да не дозволи да дојде до рефлексија на боја.  Ова е основна операција за секој екран со ваква технологија која овозможува чиста и богата слика под секакви услови и има многу мала потрошувачка кога е во мирување , за разлика од LCD екраните кои влечат повеќе струја и кога се изложени под тешка светлина губат природно осветлување и (црна боја) контраст.

mirasol-image-2

Претходна статијаFacebook претстави нови Like стикери
Следна статијаЕвтини решенија за паметен дом