facebook-sticker-store

Веќе долго време се очекува воведување на Dislike копче, покрај познатото Like, за коментарите и статус објавите, меѓутоа изгледа од Facebook сметаат дека тоа не е нешто што сакаат да го има. После толку време и неколку шпекулации за неговото воведување, тоа сеуште се нема случено.

Сепак оваа недела од Facebook на некој начин ја воведоа можноста да пратите Dislike на некого во форма на стикер, заедно со уште неколку други стикери во формата на Like иконата, односно палецот нагоре. Стикерите, кратко кажано се икони кои можете да ги испраќате во пораките, слични на смајлијата, но поголеми, со поголема резолуција и поголем избор. Ова значи и дека Dislike копчето ќе можете да го испраќате само во пораките што ги праќате на еден или повеќе пријатели, меѓутоа на и на јавните коментари или статус објави.

Овие стикери се дел од пакет на Like стикери кои можете да ги активирате со притискање на иконата на насмеано лице додека сте вклучени во порака со било кој пријател, на веб или мобилната апликација, па потоа на Sticker Store, односно иконата во форма на кошничка. Покрај стандардниот Like и новиот Dislike стикер, достапни се и следните нови стикери:

facebook-like-stickers

Претходна статијаIntel ќе „пензионира“ 34 модели на процесори следната година
Следна статијаMirasol нова технологија за екрани од Qualcomm
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.